Грчката коалициона влада без една партија
21 јуни 2013Коалицијата во Атина е пред распад. Претставник на партиското раководство на Демократската левица (на фотографијата лидерот на партијата Фотис Кувелис), по кризната седница денеска (21.06) изјави дека двајцата министри од оваа партија ќе бидат повлечени од владата на Самарас.
Тоа значи дека двете преостанати партии, Неа демократија и ПАСОК, сега располагаат со многу тесно мнозинство во парламентот од само три гласа. Конзервативците и социјалистите имаат 153 пратенички места, од вкупно 300 места во парламентот.
Причина за коалиционата криза беше одлуката за затворање на грчката државна радио-телевизија ЕРТ, за која не биле консултирани партнерите во Владата. Во Атина се исклучува можноста за одржување нови избори. Се‘ уште не е јасно дали Демократската левица ќе им дава поддршка на Неа Демократија и ПАСОК при донесувањето парламентарни одлуки.