1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грчката влада ги одобри мерките за штедење

11 февруари 2012

Грчката влада ги одобри мерките за штедење побарани од кредиторите од ЕУ и ММФ, откако премиерот Пападимос предупреди дека неуспехот на договорот може да предизвика „неконтролиран хаос“.

https://p.dw.com/p/141qq
Фотографија: Reuters

„Одобрено е!“, рече министер кој учествувал на состанокот. Нацрт законот в недела треба да се гласа во грчкиот парламент, што би ја однело Грција еден чекор поблиску до добивање на заемот. Но, ЕУ сака Грција да скрати дополнителни 325 милиони евра трошоци и партиските лидери на писмено да потврдат дека бараните реформи ќе бидат применети.

Сепак, владината коалиција, погодена во петокот од бегање на партиски членови, успеа да ги одобри мерките за стегање на појасот. Чекор кој уследи во време кога на улиците имаше судири меѓу демонстрантите и полицијата, на почетокот од дводневниот генерален штрајк. Имено шест членови на владината коалиција вчера си дадоа оставки во знак на протест за новите кратења. Премиерот Лукас Пападимос рече дека тоа може да ја однесе земјата во „опасна авантура“.

Euro / Schuldenkrise / Griechenland / Münze
Неизвесно е да дали грчкиот Парламент ќе даде зелено светло за пакетот мерки за штедењеФотографија: dapd

„Тоа ќе создаде услови за неконтролиран економски хаос и социјална експлозија“, рече Пападимос додавајќи дека „порано или подоцна Грција може да биде извадена од еврото“ и нагласи дека „сега е време на историска одговорност на грчките политичари“.

Социјалисти и конзервативци против мерките за штедење

Така, останатите членови на кабинетот во доцните ноќни часови едногласно го одобрија договорот за намалување на долгот и за мерките на штедење. А, од владата заминаа четирите члена од десничарската ЛАОС, како и министерот затруд и асистентот-министер за надворешни работи, кои доаѓаат од редовите на социјалистите.

Protest gegen Sparmaßnahmen in Griechenland
Протестите продолжуваатФотографија: dapd

Најмалку пет социјалисти и конзервативци јавно изјавија дека ќе гласаат против мерките за штедење, а лидерот на ЛАОС Јоргос Караџаферис рече дека и неговите 16 пратеници ќе гласаат против.

Во меѓувреме во Грција продолжуваат протестите против мерките за штедење. Во вчерашниот судир меѓу демонстрантите и полицијата десет лица беа повредени, од кои осуммина полицајци. Шест демонстранти беа приведени.

Автор: Александар Методијев /ројтерс/афп

Редактор: Александра Трајковска