1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грчката влада виси на конец

Јанис Пападимитриу / Александар Методијев7 ноември 2012

Денеска (07.11) грчкиот парламент треба да одлучи за нов пакет мерки за штедење во висина од 13,5 милијарди евра, а в недела (11.11) се гласа и за буџетот. Двете работи се предуслов за новата транша од помошта за Грција.

https://p.dw.com/p/16dlz
Фотографија: Reuters

Помошта главно ќе се користи за рекапитализација на грчките банки, кои се соочуваат со проблеми. Гласањето е клучен тест за владата составена од три партии, а предводена од конзервативецот Антонис Самарас.

Премиерот се обиде да го спречи револтот во својата партија на време. Пред некој ден тој го исклучи од пратеничката група Никос Ставрогианис, еден од првите пратеници од власта кој јавно се спротивстави на мерките за штедење. Но, и покрај тоа, во неговата коалиција врие. Демократската левица е против реформата на пазарот на труд, а и во социјалистичката партија ПАСОК мнозинството се оние со гласови против.

Всушност, коалицијата од три партии има 175 од 300 пратеници во грчкиот парламент, односно широко мнозинство. Но, сега е јасно дека 16 пратеници од Демократската левица ќе откажат поддршка за време на гласањето, со што Самарас ќе има само тенко мнозинство. Сега се одлучувачки гласовите на социјалистите, а какви ќе бидат тие е тешко да се прогнозира, смета новинарот и економски аналитичар Костас Цупаропулос.

Symbolbild Finanzhilfe Finanzpaket Griechenland
Пакетот за штедење ја донесе владината коалиција во кризаФотографија: DW-Montage/bilderbox.de

„Преживувањето на трипартиската влада виси на конец. Првично се проценуваше дека премиерот Самарас мерките за штедење без проблеми ќе ги донесе во парламентот и без гласовите на Демократската левица, а со поддршка на социјалистите. Но, во меѓувреме на Социјалистичката партија и‘ се заканува распаѓање во расправата за мерките за штедење“, објаснува Цупаропулос.

Меѓу другото, пакетот за штедење предвидува кратења во пензиите и платите во јавниот сектор, зголемување на старосната граница за пензионирање на 67 години, како и либерализирање на пазарот на труд. Во неделата (04.11.2012) финансиската комисија во грчкиот парламент го одобри буџетот со заштеди за 2013 со мнозинство гласови од конзервативците и социјалистите, а Демократската левица се воздржа од гласање и порача дека ќе заземе своја позиција на седница на парламентот.

„Реформата на пазарот на трудот нема никаква врска со фискалните проблеми на земјата и во последен момент е ставена на агендата“, смета Теодорос Маргаритис, шеф на пратеничката група на Демократската левица. Фискалните мерки се болни, но тие би можеле да бидат вратени во иднина. Дерегулацијата на пазарот на трудот ќе направи длабок процеп во општеството. Маргаритис додаде дека тие не можат да поддржат закон кој ги исполнува интересите на компаниите на штета на работниците.

Griechenland Generalstreik Streikende vor dem Parlament in Athen
Масовни протести како одговор на мерките за штедењеФотографија: AP

До последен момент Самарас ќе се обиде да ги убеди коалиционите партнери и јавноста дека практично нема друга алтернатива на мерките за штедење. Сепак, во грчките медиуми се слушаат драматични тонови.

„Се подразбира дека мора да се заштитат правата на работниците. Тоа го сакам и јас“, рече поранешниот владин портпарол Евангелос Антонарос. Според статистиката, дневно по 1.200 Грци ги губат работните места, а тоа конечно би морало да запре. „Затоа една работа е пред се’: следната транша ќе биде исплатена и со тоа економијата повторно ќе земе замав“, изјави конзервативниот политичар Антонарос.

Не сите Грци се согласни со овој аргумент. Синдикатите одговорија на кратењата и реформите на пазарот на труд со 48-часовен генерален штрајк. Адвокатите, судиите и такси возачите сакаат да штрајкуваат речиси цела недела. Опозицискиот лидер Алексис Ципрас побара нови избори, инспириран од анкетите кои покажуваат дека тој има поголема поддршка од конзервативците. Сепак, дел од грчките експерти се скептични дека тоа ќе ги реши проблемите, бидејќи Грците годинава гласаа веќе двапати.