1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција стои пред нови избори

АТ/ АМ/ афп/ дапд 13 мај 2012

Грчкиот претседател Каролос Папуљас прави последни напори да се избегнат нови парламентарни избори во земјата. Денешната средба со лидерите на трите партии со најмногу освоени гласови заврши без конретни резултати.

https://p.dw.com/p/14udk
Фотографија: AP

На средбата со претседателот Каролос Папуњас денеска присуствуваа претседателите на конзервативната Неа демократија, на левичарско радикалната Сириза и на социјалистичкиот ПАСОК.

Лидерот на ПАСОК Евангелос Венизелоз по разговорите искажа „ограничен оптимизам“ без да наведе повеќе детали. „Консултациите продолжуваат“ изјави од своја страна Антонис Самарас, кој пред почетокот на средбата побара формирање на стабилна влада за две години. Венизелоз и Самарас претходно го критикуваа ставот на шафот на Сириза како неодговорен. Неговата политика води директно во катастрофа и исклучување на Грција од еврозоната.

Krisengespräche über eine Regierungsbildung in Griechenland
Венизелос и Самарас го критикуваат ставот на ЦиприсФотографија: picture-alliance/dpa

Претседателот на Сириза Алексис Циприс меѓутоа по средбата со претседателот Папуљас и лидерите на Неа Демократија и на ПАСОК изјави дека неможе да пристапи на ниту една влада, ниту само да поддржува влада, која има намера и натаму да ги исполнува барањата за штедење за меѓународниот спасувачки пакет за Грција. Циприс исто така изјави дека била постигната согласност за фомирање грчка влада на две години меѓу Неа демократија, ПАСОК и малата левичарска Партија Димар која би го продолжила „криминалниот“ курс на штедење на меѓународните донатори. Овие три партии имено заедно би имале мнозинство, односно 168 од 300 места во парламентот.

Griechenland Wahlen 2012 Linke Alexis Tsipras SYRIZA
Лидерот на Сириза Алексис ЦиприсФотографија: AP

Левичарско десничараката партија Димар во меѓувреме дематнираше дека партијата била согласна да формира владина коалиција со конзервативците и социјалдемократскиот ПАСОК. „Тоа е клевета и лага“, се произнесе партијата по изјавата на на шефот на Сириза.

Претседателот Папуњас денеска треба да се сретне и со лидерите на помаилите партии. Разговорите кај шефот на државата се сметаат за последен обид за надминување на политичката криза по парламентарните избори во Грција пред една недела. Избирачите притоа ги казнија владејачките Неа демократија и ПАСОК поради ригорозниот курс на штедење и ја засилија позицијата на противниците на овие мерки. Трите партии со најмногу освоени гласови изминатава недела се обидоа, но не успеаја да формираат нова грчка влада. Доколку не биде постигната согласност за формирање на нова влада во Атина, во Грција во јуни повторно ќе бидат оддржани парламентарни избори.