Грција – пожари
27 август 2007Реклама
Во пожарите кои беснеат во Јужна Грција животот го загубија најмалку 60 луѓе. Само во последните 24 часа противпожарните единици регистрираа околу 90 нови пожари. На пожарникарите им успеа да го спречат ширењето на пожарот кој се закануваше да го зафати музејот и античкиот стадион Олимпија на полуостровот Пелопонез. Властите во Грција нудат награда во износ до еден милион евра за укажувања кои би помогнале да се фатат подметнувачите на пожарите.