1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција – Македонија – име

18 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BJV5

По парламентарните избори во Грција, што треба да се одржат на есен, може да се очекува нова, веројатно и финална иницијатива за изнаоѓање решение во спорот околу името меѓу Атина и Скопје. Ова во интервју за македонската програма на ДВ го изјави професорот по меѓународни односи на Универзитетот во Пиреј, др. Аристотел Циампирис. Според него, по изборите би можел да се очекува и последниот предлог на посредникот Метју Нимиц. Проблемот со името би можел да се реши во рамки на зачлченувањето на Македонија во ЕУ. Грција го поддржува овој процес, но јасно е дека ниту една грчка влада нема да прифати зачленување на Република Македонија под тоа име. Пред да се најде решение во спорот околу името, неопходно е да се затвори косовското прашање. Решавањето на ова прашање може да влијае врз начинот како големите сили ќе гледаат и на спорот меѓу Атина и Скопје, смета професорот Аристотел Циампирис.