Грција – Македонија – име
13 јули 2007Реклама
Грција нема во никој случај да дозволи прием на Македонија во НАТО под уставното име, тврди министерката за надворешни работи Дора Бакојани. Според пишувањето на весникот „Та Неа„ Бакојани овој став го изнела на седница на владиниот кабинет. Позицијата на Атина ќе зависи од однесувањето на соседната државата, порачала шефицата на грчката дипломатија.