1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција (засега) останува во еврозоната

Данхонг Жанг / Александар Методијев19 јуни 2012

Грците со изборите се определија за еврото. Олеснувањето на финансиските пазари набрзо исчезна, бидејќи проблемите во Грција останаа.

https://p.dw.com/p/15HI7
Фотографија: reuters

Пред вторите грчки избори во шест недели најлошите сценарија беа исцртани на ѕид. Ако левичарскиот радикал Алексис Ципрас е премиер, ќе најави укинување на програмата за штедење, ќе запре финансиската помош за Атина, Грција ќе ја напушти монетарната унија, други земји ќе го следат тоа и еврозоната ќе се распадне.

Но, сега победник е проевропската конзервативна Неа демократија. Изборниот резултат дава основа за претпазлив оптимизам, но пред Грција е долг пат до осигурувањето на останувањето во еврозоната, смета Волфганг Франц, претседател на Центарот за европски економски истражувања од Манхајм.

„Сега се‘ зависи од тоа дали Грција ќе добие функционална влада. Тоа нема да биде лесно“, смета Франц.

Неа демократија сака коалиција со ПАСОК, бидејќи двете партии во основа се за реформски курс. ПАСОК сака левичарскиот сојуз СИРИЗА да биде во владата, бидејќи стравува дека владата може да се соочи со масовни протести. СИРИЗА како владин партнер може да ги отежне преговорите со донаторите.

Symbolbild Griechenland Pleite Finanzkrise Krise
Времето тече - земјата во средината на јули би останала со празна каса и би прогласила банкрот

Кога ќе има влада ќе дојдат „луѓето во црно“

Веднаш штом се формира новата влада, „луѓето во црно“, како што се нарекуваат експертите од Тројката – Европска комисија, Европска централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, ќе допатуваат во Атина. Тие ќе утврдат дека состојбата на пацинетот е дополнително влошена. Поради политичката парализа даночните приходи во месец мај се намалени за една четвртина споредено со истиот месец минатата година. Економијата е потоната за петтина од почетокот на кризата. Затоа целта - во 2014-та буџетскиот дефицит да биде под три проценти од брутодомашниот производ, е илузија. Земјата мора да спроведе реформи.

„На пример, флексибилноста на пазарот на стоки и труд, за да се отстранат бариерите за пристап на одредени професии и занимања. Треба и да се промовира даночен систем со кој и од повисоките приходни групи ќе биде побарано да плаќаат. Тоа не чини многу пари и може веднаш да се примени“, вели Волфганг Франц.

Symbol Euro oder Drachme Parlamentswahl Krise Griechenland
Кога ќе се формира владата, во земјата ќе дојде Тројката од Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фондФотографија: AP

Грчката каса празна во средината на јули

Двете страни немаат многу време. Во средината на јули државната каса на Грција ќе се испразни. Еден месец подоцна Атина мора да рефинансира голем куп од државните обврзници. Ако до тогаш не се постигне договор, Грција дефинитивно ќе банкротира.

Иако ова сценарио со сета сила се избегнува од политичарите, сепак за многу економисти прашање на време е излегувањето на Грција од монетарната унија. Според Ханс Вернер Зин, претседател на Инфо-институтот од Минхен, излегувањето на Грците од еврозоната би можело да им помогне да застанат на нозе, бидејќи новата стара драхма многу ќе девалвира.

„Тогаш има неколку ефекти. Најпрво туристите ќе се вратат. Потоа, Грците ќе запрат да купуваат повеќе земјоделски производи од Франција, отколку што испорачуваат. Тоа ќе ја стимулира домашната економија. Трето, флуктуирачкиот капитал ќе се врати назад“, смета Зин.

Според Урлих Катер, главниот економист во Дека Банк, инфекцијата од грчката криза е распространета.

„Она што сега се случува ќе ги направи рефинансирањата за Шпанија и Италија многу поскапи“, вели Катер и смета дека Грција повеќе не е клучна за спасот на еврото, бидејќи пазарите во минатите две или три години ги презеле перспективите Грција, со значајните потешкотии што ги има, да остане во еврозоната.