1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција – демонстрации

30 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BZYg

Во главниот град на Грција вчеравечер протестираа околу 15 илјади луѓе против начинот на кој што властите се справуваат со кризата со пожарите во земјата. Повеќето демонстранти во Атина носеа црна облека во знак на сеќавање на 64-те жртви на пожарите. Собири имаше и во други грчки градови. На властите им се префрла дека во изминатата деценија го игнорирале проблемот на подметнување пожари за да се добие градежно земјиште.