1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција ги остварува заканите

Зоран Јордановски 3 април 2008

Почна досега најголемиот самит на НАТО. Три илјади делегати и најмалку уште толку новинари се собраа во Букурешт на самит кој требаше да донесе три покани за членство и Акционен план за пристап на уште две земји.

https://p.dw.com/p/DZdH
Портпаролот на НАТО, Џејмс АпатурајФотографија: DW/Cristian Stefanescu

По неофицијалната вечера на шефовите на држави и влади на НАТО на почетокот на самитот, сигурно е дека сите сметки не излегоа според планираното. Хрватска и Албанија ќе бидат поканети, Македонија останува на листата на чекање, Грција ги оствари заканите. Денеска земјите членки на НАТО треба да ја донесат официјалната одлука за приемот на Јадранската група.