1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грците протестираат поради карневалскиот „погреб“

19 јануари 2012

Во демаршот од Атина се наведува дека македонските власти треба да го осудат инцидентот во Вевчани. Карневалисти на манифестацијата извршија „погреб на Грција“ и го запалија грчкото знаме.

https://p.dw.com/p/13lhR
Карневалот во ВевчаниФотографија: DW/Milco Jovanoski

Грчкото Министерство за надворешни работи испрати демарш до македонското МНР, заради , како што е наведено, „провокацијата на карневалот во Вевчани“.

Шефот на канцеларијата за врски во Скопје, амбасадорката - Александра Пападопулу, се пожалила на односот на македонските власти, кои не го осудиле настапот на вевчанци кои на манифестацијата извршија „погреб на Грција“ и го запалија грчкото знаме.

Пападопулу побарала од македонското МНР да го осуди овој чин и да спречи во иднина вакви и слични настани, се вели во соопштението на грчкото Министерство за надворешни работи.

Од македонското МНР ја разгледуваат нотата на грчките колеги.

Автор: БГ/ АТ/ миа

Редактор: Ж. Ацеска