1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грците ги бараат условите кои важат за Шпанија

ЖА/дапд/ртре12 јуни 2012

Шпанија за помошта од околу сто милијарди евра треба да исполни малку услови. Тоа го користи грчката левичарска партија Сириза во изборната кампања и бара подобри услови за грчкиот пакет финансиска помош.

https://p.dw.com/p/15CUe
Фотографија: picture-alliance/dpa

Дилот кој го направи Шпанија докажува дека одредениот курс на штедење за Грција за возврат за помошта што ја добива, е безуспешен, изјави вчера портпарол на левиот сојуз Сириза.

„Дебатата во Европа отвора нови перспективи за Грција и за еврозоната“, изјави портпаролот. Сириза е против мерките на штедење кои Грција мора да ги воведе за да добие финансиска помош.

Шпанија во неделата најави, како четврта земја по Грција, Ирска и Португалија, дека ќе побара финансиска помош од европските партнери. Но, шпанската влада парите ќе ги употреби само за санирање на банките. Затоа Шпанија не мора да се придржува на строгите мерки на штедење кои инаку важат за добивањето итни кредити за помош.

Според шефот на конзервативната грчка партија Нова демократија, Антонис Самарас, пак, постапката на шпанската влада покажува дека Грција добива повеќе од преговорите отколку од раскин со донаторите.

„Се работи на случај на помар“

Евангелос Венизелос, лидерот на грчките социјалисти, исто така ги искористи ветувањата за помош на Шпанија за својата изборна кампања. Условите покажуваат дека еврозоната се подготвува за исклучување на Грција од монетарната унија, ако изборите на 17-ти јуни ги добие левата партија Сириза.

„Тие работат на сценарио за пожар, за да бидат подготвени за се‘ што би се случило во Грција“, вели Венизелос.

Во Грција ќе бидат одржани нови избори, бидејќи политичките партии по парламентарните избори од почетокот на мај не успеаја да формираат влада. Изборите важат како изјаснување за судбината на земјата-останување во еврозоната и иднината на 130 милијарди тешкиот пакет финансиска помош. Мнозинството Грци според анкетите е за останување на еврото, но против исцрпувачките штедења и реформи.