1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грузија – состојба

10 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/C9yL

Наспроти најновото попуштање на тензиите во Грузија, парламентот во Тбилиси сепак го одобри воведувањето вонредна состојба во земјата до 22-и ноември. Со тоа и понатаму останува на сила забраната за демонстрирање, како и ограничувањето на известувањето на медиумите спроти предвремените претседателски избори на 5 јануари. САД најавија дека ќе испратат специјален пратеник во Грузија кој ќе протестира против ограничувањето на демократските права во земјата.

Грузиското јавно обвинителство во меѓувреме најави истражна постапка против бизнисменот Бадри Патаркацишвили, кој е важен финансиер на опозицијата и сопственик на приватна ТВ станица, критички настроена против актуелната власт.