1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грузија кандидати за избори

13 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CAnP

Американскиот пратеник за Грузија Метју Бруза денеска во Тбилиси на разговорите со претседателот Михаил Сакашвили ќе побара итно укинување на вонредната состојба. Претходно повеќе партии од опозицијата во земјата соопштија дека на предвремените претседателски избори ќе настапат со заеднички кандидат. Од опозицијата соопштија дека главен против кандидат на претседателот Михаил Сакашвили ќе биде Леван Гатшешиладзе, влијателен бизнисмен и критичар на владата. Најголемата опозициона Работничка партија соопшти дека на изборите на 5 јануари ќе настапи со свој кандидат.