Средба Груевски - Размусен
25 јануари 2012Премиерот Груевски покрај средбата со Расмусен во Брисел треба да се обрати и пред Северно-атланскиот совет, како највисоко политичко раководно тело на НАТО. Се очекува на средбите и во обраќањето пред Советот да стане збор за позициите на Македонија пред одржувањето на самитот во Чикаго во мај, а во контекст на декемвриската пресуда на Меѓународниот суд на правдата во Хаг.
Претходно Груевски порача дека земјата максимално со своите капацитети е вклучена во остварувањето на стратешките цели – членство во НАТО и ЕУ.
„Независно што постојано искажуваме незадоволство од она што се случува од страна на Грција, а имаме причина за тоа, затоа што тие избегнуваат средби и не сакаат решение за проблемот, ние сме максимално активни и работиме колку што е можно на сите полиња, од сите можни страни да придонесеме да се смени ситуацијата, Република Македонија да успее во напорите за влез во НАТО и почеток за преговорите со ЕУ, иако тоа не е едноставно прашање, бидејќи се работи за ситуација во која Грција е во ЕУ и НАТО и ги има сите права како член, вклучувајќи го и правото на вето“, рече Груевски.
Автор: СН/ АМ/ макфакс
Редактор: Александра Трајковска