1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски позитивно ја толкува средбата на Меркел со Нимиц

ЖА/миа7 ноември 2013

Македонскиот премиер Никола Груевски по средбата на посредникот на ОН во спорот за името Нимиц со германската канцеларка Меркел во Берлин оценува: Добро е Германија да биде детално запозната со текот на процесот.

https://p.dw.com/p/1ADfL
Фотографија: MIA

„Не би коментирал нешто каде што не сум бил присутен. Сосема е јасно зошто Нимиц бил поканет кај германската канцеларка Меркел. Знаеме со што се занимава тој и за кое прашање е поставен од ОН и сигурно дека тоа било главна и централна тема. Сосема е јасно дека Германија сака да има поточни и поконкретни информации. Германија е сериозен и можеби еден од најкрупните играчи во Европа во делот на политичките случувања“, изјави Груевски, одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето камен темелник за изградба на ПЕТ центар. Од тој аспект, додаде Груевски, Македонија не гледа ништо лошо во тоа, напротив, гледа добро.

„За нас е добро Германија да биде добро запознаена со случувањата, со она што во минатиот период се случуваше во односите со нашиот јужен сосед, затоа што ние мислиме дека имаме исправна позиција и имаме конструктивна позиција во тој дел. Токму кога една таква значајна држава како Германија ќе биде во детали запозната, ние само позитивно можеме да гледаме на тоа и никако поинаку“, истакна премиерот Никола Груевски.