1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски: „Ова ќе биде долг викенд“

Александар Чомовски29 март 2008

Консултациите во врска со последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц за решение на спорот со името продолжуваат. Македонскиот премиер, Никола Груевски, не исклучува нов предлог на медијаторот Нимиц.

https://p.dw.com/p/DWxJ
Од претходните средби на медијаторот Нимиц со македонскиот државен врвФотографија: Dragan Todorovski

Груевски по средбата на државниот врв со лидерите на политичките партии изјави дека овој викенд ќе биде долг. Според македонскиот премиер, доколку се испостави дека референдум по ова прашање би бил пречка, за тоа би се гласало во парламентот. Шефот на македонската дипломатија, Антонио Милошоски, кој учествува на средбата на шефовите на дипломатии на Брдо кај Крањ, вчера рече дека предлогот на Нимиц „Република Македонија (Скопје)“, Македонија го смета за конечен и дека расправата процесот на градење став во однос на овој предлог продолжува деновиве и најверојатно ќе резултира со расправа во парламентот.