Груевски не ја прифати оставката на Елмази
9 јуни 2007Реклама
Македонскиот премиер Никола Груевски не ја прифати оставката на заменик-министерот за внатрешни работи Рефет Елмази. Елмази, кој по полициската акција во Танушевци поднесе оставка на 25-ти мај, што беше и вовед во владината криза, денеска повторно ги презема редовните должности.