Груевски не прифаќа предвремени избори
12 февруари 2013Нема договор за предвремени парламентарни избори, изјави македонскиот премиер Никола Груевски, при потпишувањето на Декларацијата за заедништво, партнерство и локален развој со коалициските партнери. Според него, опозицијата со мерките што ги презема за отпор рекла народот греши, опозицијата не е виновна за тоа.
„Ние сме биле диктатори или режим, а тие биле отпор. Немам што да кажам сериозно околу ова, освен Бог да чува!“, рече Груевски.
Груевски, овојпат јасно порача дека условот на опозицијата за излегување на локалните избори, одржување и на предвремени парламентарни избори, нема да се оствари.
„Сега тие бараат договор за предвремени избори. Сакам јавно да кажам, одлучно, децидно - нема договор за предвремени парламентарни избори. Секој со својата одговорност“, додаде Груевски.
Тој упати јавна покана за меѓународен мониторинг за претстојните избори, а изрази и подготвеност за прифаќање на препораките на ОБСЕ/ОДИХР во делот на локалните избори согласно меѓународните стандарди и практики.