1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски на средба со претставници на Егејците

Горан Петрески 4 јули 2008

Премиерот Никола Груевски денеска во Скопје прими претставници на здруженијата на Егејците во Македонија. Владата не го прифаќа одбивањето на Атина, на преговорите за името да се зборува и за имотите на бегалците.

https://p.dw.com/p/EWRD
СкопјеФотографија: Petar Stojanovski

Здруженијата на Егејците во Македонија се мобилизираа откако владата побара и прашањето за нивниот статус да биде ставено на маса во грчко-македонските преговори за името. Денеска беа на средба кај премиерот Никола Груевски. Владата во Скопје не го прифаќа како одговор на Атина отфрлањето на барањето, во пакет за името да се отвори и прашањето за имотот на бегалците од граѓанската војна. Прогонот на Егејците е факт во историјата што никој неможе да го негира, затоа ова прашање не смее да биде заобиколено во релациите меѓу двете земји, вели Ставре Џиков претставник на едно од здруженијата на децата бегалци.

Здруженијата на Егејците се обединија во пресрет на третата светска средба на децата бегалци што ќе се оддржи во Скопје кон средината на јули. Организаторите очекуваат голем собир, масовна посетенсот.

Владата го поддржува собирот на Егејците и го смета како повод да се потсети светот на едно големо страдање на македонскиот народ.

За време на граѓанската војна во Грција од 1946 до ’49та година биле протерани повеќе од сто илјади луѓе, од кои половина деца. Според некои проценки на Хелсиншкиот комитет денеска во Грција најмалку сто илјади луѓе го говорат македонскиот јазик.