1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски му испрати писмо на Филе

ЕМФ/макфакс2 септември 2013

Македонскиот премиер Никола Груевски го информираше еврокомесарот за проширување Штефан Филе за донесувањето на извештајот за случувањата од 24 декември.

https://p.dw.com/p/19aEn
Фотографија: MIA

Македонскиот премиер во писмо до еврокомесарот Штефан Филе потенцира дека е направен компромис: „Разговорите кои беа водени во изминатите месеци резултираа со извештај, кој беше постигнат како резултат на компромисот кој го направивме со цел да не ја ставиме во залог европската иднина на Македонија“, стои во писмото, во кое уште се вели:

„И покрај тоа што претставниците на владејачката ВМРО-ДПМНЕ на чинот на потпишувањето на извештајот ставија забелешки, односно несогласување за правните квалификации искажани во истиот, би сакал да истакнам дека целосно застануваме на имплементирање на препораките содржани во извештајот“, нагласува во своето писмо македонскиот премиер, потсетувајќи дека веднаш била формирана и работна група за спроведување на препораките од извештајот.

Груевски на крајот од писмото додава дека земјата очекува и соодветна валоризација на напорите во претстојниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата, како и скорешен датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија.