1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски: „Концентриран сум на државните интереси„

Александар Чомовски17 март 2008

Македонскиот премиер, Никола Груевски, вели дека потегот на ДПА за излегување од владата за него не е неочекуван.

https://p.dw.com/p/DPYA
Никола ГруевскиФотографија: MIA

Премиерот, Никола Груевски, ги отфрли обвинувањата од страна на министрите на ДПА, кои најавија комплетно повлекување од владата, иако беше договорено во неја да останат до самитот на НАТО. Груевски нагласи: „Јас сум концентриран на државните интереси. Живееме во последните 15 дена пред самитот на НАТО, кога имаме некаква шанса да добиеме покана за НАТО, кога може да ја загубиме 17 годишната битка за уставното име на Република Македонија.“

Пред оваа изјава на Груевски, министрите на ДПА се повлекоа од неговиот кабинет, откако премиерот за државната агенција МИА дека владината криза ДПА ја иницирала под диктат на Атина и Приштина.

Владината криза ја донесе Македонија во деликатна преговарачка позиција. Дел од експертите во земјата предупредуваат дека поради внатрешните политичко-партиски судири не смее да се загуби шансата за НАТО.