Груевски и Путин се заложија за продлабочена економска соработка
21 јуни 2012Македонскиот премиер Никола Груевски и рускиот претседател Владимир Путин на средбата ги истакнаа добрите политички односи меѓу двете земји на севкупно ниво, односи кои, како што беше заклучено, се во нагорна линија, соопшти македонската владина прес-служба.
Груевски и Путин констатираа дека двете земји успешно се справија и справуваат со последиците од глобалната економска криза, која е сериозен предизвик за сите земји од светот.
Соговорниците изразиле заложба и поддршка за продлабочувањето и интензивирањето на економските односи, зголемувањето на економската соработка на планот на инвестициите и трговската размена. Меѓу клучните приоритети за кои се разговарало е соработката во областа на гасификацијата и вклучувањето на Македонија во меѓународните коридори за пренос на гас, што ќе отвори нови перспективи за македонската економија.