Груевски и Папандреу ќе се сретнат в петок
23 ноември 2009Реклама
В петок, на грчката страна од еко-паркот Преспа, треба да се оствари средба меѓу македонскиот и грчкиот премиер Никола Груевски и Јоргос Папандреу. Според најавите, двајцата премиери ќе ја тестираат подготвеноста, до 7 декември да се најде решение само за името, а другите отворени прашања да се решаваат подоцна. Спорот меѓу Македонија и Грција, и европските интеграции денеска (23.11.09) беа тема на трибината во Скопје, во организација на институтот „Павел Шатев“. Ставовите на експерите слушнете ги во аудио- записот.
Автор: АЧ/АТ