1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски и Борисов се за подобрување на меѓусоседските односи

АТ/ миа17 февруари 2013

Премиерите на Македонија и на Бугарија, Груевски и Борисов, на средба во Скопје се заложиле за унапредува и интензивирање на односите меѓу двете земји. Двете влади имаат за цел европеизација и стабилизација на регионот.

https://p.dw.com/p/17ffm
Фотографија: MIA

Во заедничкото соопштение лиферувано вчера вечер (16.02.) се наведува дека премиерите Никола Груевски и Бојко Борисов ги поздравија односите помеѓу двете земји и истакнаа силна посветеност за нивно продлабочување, унапредување и интензивирање на секое поле од взаемен интерес и заложба за надминување на сите предизвици во духот на европските вредности.

Двајцата политичари се заложиле за унапредување на политичкиот дијалог и интензивирање на средбите на високо ниво. Од големо значење е испраќањето на позитивни пораки во јавноста со што се придонесува во надминувањето на стереотипите и се јакне амбиентот и духот на соработката, се вели во соопштението.

Mazedonien Skopje Treffen Gruevski Borisov
Фотографија: MIA

Република Македонија и Република Бугарија ја споделуваат визијата за регионот, целосно интегриран во европските и евроатланските структури, а во овој процес поддршката од соседите е есенцијална. Добрососедството, се наведува во соопштението, треба да се надградува и дефинира како искреност и посветеност во реализацијата на практичните дела.

На средбата, како што се посочува, биле опфатени темите околу постигнување на понатамошен напредок во врска со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и иницијативите од заеднички интерес. Одржување на заедничка седница на двете Влади е двостран интерес и потреба, и можност да ги постави основите и за уште посодржајна соработка во доменот на економијата, енергетиката и инфраструктурата, се вели во заедничкото соопштение.

Mazedonien Skopje Treffen Gruevski Borisov
Фотографија: MIA

Била изразена согласност и да се интензивира соработката и да се зајакне меѓусебната доверба, преку реализација на практични проекти од образованието, културата, економијата, евроинтеграцискиот процес, здравството, инфраструктурното поврзување, енергетиката, транспортот, животна средина.

Двете страни се фокусирани на реализирање на проектите од Коридорот 8, со акцент на железничката и автопатската линија Софија – Скопје, со партнерски пристап. Од особено значење е прекуграничната соработка и ефикасно користење на европските фондови, преку реализација на повеќе практични проекти од ИПА компонента.