1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски е против предлогот на Црвенковски

27 март 2011

За македонскиот премиер и претседател на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски, не е прифатлив последниот предлог на претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски во врска со одржувањето предвремени избори.

https://p.dw.com/p/10iFo
Никола ГруевскиФотографија: DW/Musliu

Груевски предлогот го оцени како уште една манипулација и уцена на СДСМ. Тој ја повика опозициската партија да се откаже од, како што рече, незаконските и нелегитимните барања кои не се во надлежност на владата, да оди на избори оваа година што побрзо, ден порано да се врати во парламентот и во најбрз можен рок да се распушти парламентот и да се оди на предвремени парламентарни избори.

Пред неколку дена, Црвенковски се откажа од барањето да се одблокира сметката на медиумите од „Перо Наков“ па да се оди на избори, но побара од

Груевски гаранција дека УЈП нема да ги блокира сметките на А1 и трите дневни весници со нови барања и одлуки до завршувањето на предвремените избори. Тој тогаш предложи да се оди на избори на 26 јуни. Груевски го оцени како добро и за ДПА и за сегашната ситуација нивното враќање во Собранието. Во Брисел, според Груевски било разговарано за изборите, но во смисла на тоа дека на државата моментално и се потребни избори и дека тие ќе бидат фер и демократски. Тој повтори дека владата има европска агенда која ја исполнува.

Автор: ЖА/БГ/макфакс

Редактор: Борис Георгиевски