1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски ги повикува германските фирми во Македонија

БГ/миа20 февруари 2014

Македонскиот премиер Никола Груевски ги повика германските бизнисмени да инвеститораат во Македонија. Тој вети помош Германија да дојде на првата позиција како најголем странски инвеститор во земјата.

https://p.dw.com/p/1BBtR
Фотографија: MIA

„Германија е трговски партнер број еден на Македонија веќе подолг период. Минатата година беше трет најголем инвеститор во Македонија и би сакале да направиме нешто Германија да дојде на првата позиција“, истакна премиерот Никола Груевски на бизнис форумот што Владата во соработка со Фајненшл Тајмс го организираше синоќа во Минхен.

Обраќајќи се пред педесетина германски бизнисмени, Груевски ги информира дека група компании од Германија веќе имаат инвестирано во Македонија, притоа посочувајќи ги Дојче Телеком, Кромберг и Шуберт, Дрекслер Мајер.

Обраќајќи се пред присутните бизнисмени тој истакна дека Македонија е стабилна и на политички и на економски план, со стабилна валута и четврт најнизок долг во Европа кој е 34,3 проценти од БДП.

Бизнис форумот во Минхен е четврти по ред што Владата го организира во соработка со угледниот Фајненшл Тајмс. Првите два беа во Лондон и Париз, во декември минатата година и третиот во Виена. Вчера во Виена, Груевски им порача на потенцијалните австриски инвеститори дека македонската влада ќе помогне Австрија да стане водечки странски инвеститори во Македонија.