1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски во посета на Бугарија

Александар Чомовски 28 ноември 2007

Македонските политичари ги збиваат редовите за на меѓународната сцена да излезат со поофанзивна надворешна полтика.

https://p.dw.com/p/CU6Q
Македонскиот премиер ГруевскиФотографија: Macedonian Information Agency
Македонскиот премиер Никола Груевски денеска е во официјална посета на Бугарија. Тој вчера во Софија на самитот на земјите на Централноевропската иницијатива изјави дека за Македонија во овој период е особено важно да има средби со сите, особено со претставниците на земјите кои ја поддржуваат на патот кон ЕУ и НАТО. Македонскта политика прави обиди да ги консолидира редовите и да настапи дипломатски поофанзивно на меѓународниот паркет.