1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски: Во Македонија не е розово

АМ/миа/макфакс9 јуни 2013

Во обраќањето на 22-годишнината на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ премиерот Никола Груевски забележа дека во Македонија има многу проблеми и предизвици, како и многу нерешени проблеми. СДСМ го поддржува за решавање на името.

https://p.dw.com/p/18mUO
Фотографија: MIA

„Јас никогаш не ви ветувам чуда, но ви ветувам напорна работа. Во Македонија воопшто не е розово, има многу проблеми и предизвици. Во Македонија е потребна силна работа и посветеност, а ние тоа го ветивме, го правиме и ќе го правиме. Решивме многу проблеми, но остануваат уште да се решаваат. Ќе продолжиме на патот на реформите и на евроатлантските интеграции, без оглед на тоа колку препреки ни се појавуаат на тој пат“, рече премиерот Никола Груевски во обраќањето до членовите, симпатизерите и поддржувачите на 22-годишнината од формирањето на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Груевски „СДСМ се плаши од реалноста со која се соочува“, а таа според премиерот е реформи и дела.

„СДСМ сакаат да оспорат седум изборни победи. Тие го потценуваат нашиот народ. Треба да заклучиме дека тие не се криви никако и овие од старо-новото раководство, кои немаат зад себе ниту една реформа по која можеме да ги паметиме, туку крив е народот што поддржува режим од кој се плаши – тотално забегана ситуација. Ги слушам и не можам да им се изначудам“, рече премиерот Груевски.

„Седнете и нешто сработотете, почитувајте го народот и не го потценувајте, престанете да бидете арогантни“, му порача Груевски на СДСМ.

СДСМ го поддржува Груевски за име со зачуван идентитет, јазик и национална посебност

СДСМ ќе даде поддршка на власта за решавање на прашањето за името, ако притоа го зачува нашиот национален идентитет, јазик, национална посебност. Ова во неделното интервју за Радио Слободна Европа го изјави новиот претседател на СДСМ Зоран Заев, кој додаде дека во овој момент очекуваат да бидат информирани од власта за текот на преговорите, а не, како што рече, да добиваат информации од медиумите.

Mazedonien Zoran Zaev Präsident der oppositionellen Partei SDSM
Зоран Заев, претседател на СДСМФотографија: MIA

„Очекувам став на премиерот на државата и на претседателот на државата за овие прашања, за да можеме секундарно и ние како опозиција да се изјасниме. Не се чувствувам првоповикан по ова прашање, првоповикан е премиерот, но секако веднаш после него опозицијата е повикана. Ја пуштам позитивната нишка на конзистентност на ставот, а тоа значи силна поддршка за владејачките гарнитури да пресечат, да одлучат така како што е најдобро за нашата земја и притоа да гарантираат заштита на нашиот национален идентитет, нашиот македонски јазик и нашата национална посебност“, рече Заев.