1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски во Брисел

17 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BJ6K

Македонија предвреме ќе го заврши комплетирањето на законите согласно задачите што произлегуваат од Акциониот план за партенрство со ЕУ, изјави денеска во Брисел македонскиот премиер Никола Груевски. Груевски на разговорите со високиот преставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Хавиер Солана и еврокомесарот за проширување Оли Рен, реферираше за постигнатите резулати во реформскиот процес во земјата. Според изјавите на Груевски, Солана упатил честитка за успешно водените разговори со ДУИ и нејзиното враќање во парламентот.