Груевски во Брисел
17 јули 2007Реклама
Македонскиот премиер Никола Груевски денеска во Брисел ќе рефереира за постигнатите резулати во реформскиот процес во земјата. Според најавите, шефот на владата во Скопје ќе разговара со виосокиот преставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Хавиер Солана. По разговорите треба да биде одржана и прес конференција. Посетата на Груевски на Брисел е во период кога во Македонија отсуствува дијалогот на релација власт и опозиција. Пред една недела ЕП усвои резолуција во која се бара да продолжат реформите. Еврокомесарот за проширување Оли Рен тогаш порача дека Брисел очекува целосна имплементација на политичкиот дијалог меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ.