Груевски во Брисел
16 јули 2007Реклама
Македонскиот премиер Никола Груевски утре патува за Брисел на разговори во ЕУ. Според најавите шефот на македонската влада ќе разговара со еврокомесарот за проширување Оли Рен. Посетата на Груевски на централата на Унијата, е само неколку денови по усвоената резолуција во ЕП во која од земјата се бара да ги продолжи реформите. Оли Рен тогаш порача дека Брисел очекува целосна имплементација на политичкиот дијалог меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ.