Груевски – Бари
3 јули 2007Реклама
Македонскиот премиер Никола Груевски синоќа во италијанскиот пристанишен град Бари ги презентираше можностите за инвестирање во македонското стопанство. Тој истакна дека е горд на прогресот што го оствари неговата земја и нагласи дека владата сака во наредниот период да ја види Македонија претрупана со странски инвестиции. Груевски предводи висока владина делегација која од вчера престојува во тридневна посета на Италија.