1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски бара меѓусебно почитување

3 март 2012

Претседателот на македонската влада, Никола Груевски, денеска изрази жалење за случајот со двојното убиство во Гостивар и изрази сочувство до семејствата на убиените.

https://p.dw.com/p/14ETs
Фотографија: AP

Македонскиот премиер Никола Грувески осврнувајќи се на неодамнешниот инцидент во Гостивар, во кој беа убиени две лица побара припадниците на сите заедници во Македонија да инвестираат во меѓусебната почит.

„Случајот во Гостивар е трагичен настан за три семејства, но и воопшто за целиот град, за целата држава. Сите ние бевме потресени од она што се случи. Жалам за сето тоа што се случи и изразувам сочуство до семејствата на загинатите. Секој понатаму треба да се грижи и да бори колку што може да се избегнуваат вакви инциденти, особено кога настануваат за банални работи како што се паркирање на возило и слично“, рече премиерот Груевски, кој присуствуваше на врачувањето нанационалните пензии на четириесетина македонски уметници.

Човечкиот живот, додаде премиерот, има висока цена и тоа треба да се почитува, а сите ние треба да инвестираме во меѓусебната почит и како луѓе и исто така како различни етнички и верски заедници.

Автор: АТ/ СН/ миа

Редактор: С. Недевски