1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гроф Ламбсдорф задоволен од напредокот на Македонија

ЖА/миа/макфакс13 септември 2012

Министерот за надворешни работи на Македонија Никола Попоски во Скопје се сретна со Гроф Николаус Ламбсдорф, директор за Југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА во Министерство за надворешни работи на Германија.

https://p.dw.com/p/167ub
Фотографија: picture-alliance/dpa

МНР соопшти дека во разговорот биле реафирмирани добрите билатерални односи меѓу двете држави и нагласен заемниот интерес и заложба за продолжување на активен политички дијалог и интензивирање на меѓусебната соработка.

Во контекст на евроинтеграциите на Република Македонија, министерот Попоски го запознал соговорникот со реформските процеси, особено за постигнувањата со Патоказот на акции и мерки во имплементацијата на приоритетите од Пристапниот дијалог на високо ниво, кои се дефинирани заедно со Европската комисија, како и за македонското претседавање со Процесот за соработка на земјите од Jугоисточна Eвропа, кое започна во јуни годинава.

Германскиот дипломат го реафирмира ставот на Сојузна Република Германија во однос на евроатланските аспирации на Република Македонија. Тој ги поздрави видливите резултати од спроведените реформи одредени во Пристапниот дијалог на високо ниво, како и резултатите од вкупните реформски процеси кои се спроведуваат во земјата. На средбата беа разменети мислења и за ситуацијата во регионот и други актуелни меѓународни прашања, се наведува во соопштението од МНР.