Гринпис бара ослободување на активистите во Русија
6 ноември 2013Еден и пол месец откако беа уапсени 30 активисти на Гринпис во Арктичко Море случајот се најде пред Меѓународниот суд за поморски сообраќај. Холнадија, под чие знаме пловеше бродот „Арктик санрајс“, поднесе барање до судот во Хамбург по пат на привремена наредба да бидат ослободени бродот и екипажот.
Русија ја оспорува надлежноста на судот и не учествува во процесот. Освен тоа владата во Москва порача дека нема немера да подклекне пред судската одлука, која се очекува за средината на ноември.
Руските власти го заземаа бродот „Арктик сандрајс“ на 19. септември и го однесоа во Мурманск. 28-члениот екипаж и двајца фоторепортери оттогаш се в затвор.
Додека Гринпис аргументира дека екипажот мирно протестирал против една нафтена платформа на рускиот државен концерн „Газпром“, руското правосудство ги обвинуваше за „пиратство“.
Обвиненито во целиот свет е критикувано како претерано. Во меѓувреме е редуцирано како „нарушување на јавен ред и мир“, но за тоа им се закнуваат и до седум години затвор.
Трибуналот во Хамбург се свикува по потреба и одлучува за примената или толкувањето на Конвенцијата за поморско право на Обединетите нации. 22 судии под претседателство на Јапонецот Шунји Јанаи прво ќе проверат дали се надлежни, а според проценките на експертите тие позитивно ќе се изјаснат по ова прашање. Тие сметаат дека пресуда од овој суд, и покрај бојкотот на Русија, е обврзувачка.
Гринпис со протестна акција среде Москва го сврте вниманието кон процесот во Хамбург. Со гумени чамци на реката Москва демонстрираа за ослободување на нивните активисти. Чамците се упатија и во правец на Кремљ, во срцето на рускиот главен град.