1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Граѓаните на Египет гласаа „за“ новиот устав

ЕМФ/дв19 јануари 2014

Сега е и официјално: Огромно мнозинство од избирачите во Египет се изјаснија за новиот устав на земјата.

https://p.dw.com/p/1AtLn
Фотографија: Imago

Според податоците на Изборната комисија, 98,1 процент од избирачите се изјаснија за новиот предлог устав, кој, според зборовите на преодниот претседател Адли Мансур, треба да го отвори патот за „враќање кон политичка нормалност“ во земјата.

Новиот предлог устав има одредби кои значат напредок во делот на граѓанските права и правата на жените, но ја зајакнува и посебната позиција и политичкото влијание на армијата во земјата.

Одзивот на гласањето за уставот изнесува 38,6%, односно е помал отколку што се очекуваше, но повисок во споредба со гласањето во 2012 година, кога беше усвоен уставот кој има печат на исламистите и кога гласаа само 32,9 проценти од избирачите.

Референдумот во Египет беше оценет како важен тест на расположението во однос на првиот човек на армијата Абдел Фатах ал-Сиси, кој, како што се тврди, има амбиции да стане претседател на земјата.