1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Градски риби во Њујорк

Штефан Габелт/ Александра Трајковска 26 јуни 2012

Биологот Мартин Шрајбман од Њујорк е човек со визии. Тој смета дека е возможно рибите да се одгледуваат во аквакултури среде големите градови, во еден вид симбиоза со растенијата, кои ќе ја филтрираат отпадната вода.

https://p.dw.com/p/15Hbx
Фотографија: Reuters

Њујорк - во градот живеат повеќе од осум милиони луѓе. Потребата за прехранбени производи во овој мега град е огромна.

Она што се тргува на пазарот за риби во Бронкс, има долг пат зад себе. Рибите доаѓаат, на пример, од Азија, Европа или Карибите. Риба од пред сопствениот брег веќе одамна е исклучок. Само мал дел од понудата е морска риба, повеќето риби потекнуваат од басените за одгледување риби од другиот крај на светот, и со недели патуваат замрзнати.

„Урбана аквакултура“

На Бруклин колеџот биолозите работат на експеримент, кој се занимава со одгледување риби во иднина.

Биологот Мартин Шрајбман целосно му се посвети на проектот „Урбана аквакултура“. Тоа значи: одгледување риби среде град. Во неговиот Институт ги инсталираше апаратите на кои се вршат експериментите.

Биологот овде одгледува Тилапија, слатководни риби сродни со остреците. Овие животни се многу скромни, можат да се прехрануваат чисто вегетаријански и речиси да не заболуваат. Тие растат во затворен систем, во кој преку чисто расителната храна се создава релативно малку ѓубре.

Користената вода, која редовно се заменува со чиста, всушност не е ѓубре. Отпадните партикули и изметот, кои можат да ги разболат рибите, се иделана плодна почва за одгледудување на алги на билогот Мартин Шрајбман, но и за зеленчук. Тој веќе одгледуваше зелка и грашок.

Fischmarkt in der Bronx
Рибниот пазар во БронксФотографија: AP

Во суштина, растенијата ја чистат водата. Систем во перфектен баланс. Со квалитет како вода за пиење, Мартин Шрајбер повторно ја враќа водата кај рибите.

Тој не дозволува да мине ниту еден ден без да го контролира здравјето на рибите. А, тоа е изворедно. Тој никогаш досега не им дал на своите риби лекарствата, кои се стандард во многу класични аквакултури. Билогот никогаш не пронашол ниту паразити, ниту габи. Се’ додека проектот „Урбана аквакултира“ е во стадиум на експеримент, тој не смее да продава риби, но лично ги јаде и исто така ги подарува.

Перфектен баланс

Она што овде функционира во миникосмос, има карактер на модел и еден ден би можело да има широка примена.

Fisch Inventur im Sea Life
Фотографија: dpa

„Со ова може само да се добие, затоа што се одгледуваат повеќе, а најмалку два организми во еден систем, во кој порано постоеше само еден организам. Тие сега се сибиотични. Растенијата, на пример, ја одржуваат водата чиста. На тој начин се намалуваат и трошоците, бидејќи се произведуваат два пазарни производи“.

За Шрајбман одгледувањето на риби не припаѓа повеќе на заливите туку во градовите. Прашање на време е, смета биологот, кога во градовите ќе настанат големи рибници.