1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грабнатиот новинар во рацете на „Армија на исламот“

9 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag60

Британскиот новинар на Би Би Си Алан Џонсон грабнат пред два месеца во појасот на Газа се наоѓа во рацете на муслимански екстремисти. Досега малку позната група „Армија на исламот“ на интернет страница објави фотографија од легитимацијата на репортерот. Терористите бараат ослободување на Омар Отман, познат како Абу Кадата и негови приврзаници од британски затвор. Британскотот министерство за правда му префрлува на Отман , Палестинец со јордански пасош дека е идеолошки шеф на мрежата на Ал Каеда за Европа.