1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Горчлив пораз за Шалке и за Борусија

ЖА/миа/макфакс7 ноември 2013

Германските претставници во Лигата на шампиони имаа неславен настап: Борусија претрпе пораз од 0:1 на свој терен од Арсенал, а фудбалерите на Шалке 04 загубија од екипата на Челзи со 0:3.

https://p.dw.com/p/1ADRP
Фотографија: picture-alliance/dpa

Комплетирано е четвртото коло во фудбалската Лига на шампиони, во кое најзначајната победа ја оствари Арсенал во Дортмунд, а Атлетико Мадрид и Барселона изборија пласман во нокаут фазата.

Арсенал во Дортмунд и‘ се реваншира на Борусија за поразот од пред две недели, со што дополнително ја компликува ситуацијата во Ф-групата. Фудбалерите на Шалке 04 загубија од екипата на Челзи со 0:3.

Шпанските екипи Атлетико Мадрид и Барселона, по победите постигнати синоќа во рамките на 4. коло од групите, обезбедија пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите. Атлетико Мадрид заедно со европскиот првак Бајерн се единствените два тима со максимален учинок.

Настап за своите екипи имаа и македонските репрезентативци Горан Пандев (Наполи) и Даниел Георгиевски (Стеауа). Пандев асистираше при вториот гол за својата екипа против Олимпик Марсеј, а во 66 минута беше заменет. Даниел Георгиевски го одигра целиот натпревар за Стеуа на гостувањето кај Базел. Резултати на синоќа одиграните натпревари:

Е група: Базел – Стеауа 1:1, Челзи – Шалке 3:0.

Табела: Челзи 9 бодови, Шалке 6, Базел 5, Стеауа 2.

Ф група: Борусија Дортмунд – Арсенал 0:1, Наполи – Олимпик Марсеј 3:2.

Табела: Арсенал 9, Наполи 6, Борусија Д. 6, Олимпик М. 0.

Г група: Зенит – Порто 1:1, Атлетико Мадрид – Австрија Виена 4:0.

Табела: Атлетико 12, Зенит 5, Порто 4, Австрија 1.

Х група: Ајакс – Селтик 1:0, Барселона – Милан 3:1.

Табела: Барселона 10, Милан 5, Ајакс 4, Селтик 3.

Натпреварите од следното коло се играат на 26 и на 27. ноември.