1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Голем пожар во болница во Калкута

9 декември 2011

Најмалку 73 лица загинаа денеска во пожарот, кој зафати приватна болница во источниот индиски град Калкута, соопштија локалните власти. Се претпоставува дека пожарот избувнал во подрумот на болницата.

https://p.dw.com/p/13PZN
Спасувачите извлекуваат пациенти од зградатаФотографија: AP

Претпоставката дека пожарот избувнал најверојатно во подрумот на болницата се темели врз фактот дека таму биле чувани запаливи материјали, како шишиња со кислород. Полицијата поднесе тужба против болницата за нарушување на мерките за безбедност. Високи државни службеници изјавија дека ќе ја сметаат болницата за одговорна за трагедијата.

Според досегашните сознанија, пожарот избувнал околу три часот во приземјето на петкатната зграда и брзо се проширил. Најголемиот дел од загинатите, меѓу кои и тројца вработени, најверојатно се задушиле од чадот. Чадот им ја отежнал и работата на пожарникарите. Спасувачите имале и проблеми да се пробијат до болницата низ тесните улички во квартот. Огнот бил ставен под котнрола дури по шест часа. Министерот за здравство Субрата Мукхерјее изјави дека е „вџашувачки тоа што одговорните во клиниката не направиле напор за спасување на пациентите“. Се чини дека претпоставените брзо се спасиле, а пациентите ги оставиле во зградата. Болницата, инаку, најави обештетување за роднините на загинатите во висина од 7.200 евра.

Автор: АТ/ЕМФ/миа/афп

Редактор: Е.М.Фиданоска