1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Голем интерес за ЕСМ

Горан Петрески12 декември 2005

Големиот интерес за македонскотото Електростопанство не ги збуни енергетичарите. Велат, ако веќе мора да се продава, тогаш барем да се постигне највисока можна цена. Во трката за ЕСМ инаку учествуваат шест големи и етаблирани светски компании.

https://p.dw.com/p/AeNI

Дури шест компании се пријавија на огласот за продажба на Електростопанство на Македонија и тоа на првиот ден од објавувањето на тендерот во Фајненшл Тајмс. Сите шест се реномоирани светски компании. Гермаснките РВЕ, и дистрибуција од Баден Витенберг, американската АС Инвестмент и Призма Енерџи, чешката Чес, и австриската ЕВН, веќе подигнале тендерска докуменатација. Македонија продава 90 проценти од капиталот на ЕСМ дистрибуција. Гоелмиот интерес не ги збуни експертите. Златко Чинговски од здружението на енергетичари за Дојче Веле објаснува.

„Станува збор за новата златна кокошка, или како што порано го нарекувавме златно теле. Електростопанство е прилично атрактивно за странските и познатите компании. Уште еднаш би потенцирал дека треба да се земе во предвид мислењето на стручната јавност дека не би смееле да одиме на продажба на 90 проценти од компанијата. Мислам дека тука е направена грешка и дека требаше да се почне со помала колчина акции, за да се испита пулсот и интересот на странските компании.“

Новиот сопственик на ЕСМ треба да има промент од над милијарда евра, повеќе од 500 милиони акционерски капитал и искуство со дистрибуција на електрична енергија кај повеќе од 700 илјади потрошувачи. Главни критериуми при изборот на најдобриот понудувач ќе бидат цената на акциите и вредноста на инвестицискиот пакет. Идниот газда на ЕСМ ќе мора да го прифати фиксираниот социјален договор со синдикатот.

ЕСМ дистрибуција располага со капитал од 110 милиони евра има остварено профит од 10 милиони евра во последниве три години и има помалку од 700 илјади потрошувачи. Овие перформанси заслужуваат добра цена велат енергетичарите

„Јас би и предложил на владата да биде крајно внимателна во целиот процес кој следи, бидејќи наспроти себе ќе има силни противници од преговоарачки калибар и владата би требало да си постави повисоки критериуми за постигнување на највисоката можна најниска цена која би била прифатлива за државата за продажба на акциите. Доколку таа цена не се постигне не е ништо страшно целата процедура да се прекине и да се почне од почеток со нова тендерска постапка, затоа што очигледно станува збор за продавање на нашата кожа, па ако ја продаваме тогаш би требало да ја продадеме што поскапо.“ вели Чинговски

Продажбата на ЕСМ дистрибуција треба да заврши до крајот на март идната година.