Голем берзански потенцијал во регионот
14 април 2008Директорите на сите позначајни пазари на хартии од вредност дебатираа за перспективите. Заклучија дека релативно новите финансиски пазари се откриени од инвестоторите и прогнозираа успешна иднина.
Директорот на Виенската берза Карл Браунвеис вели дека Македонија мора да биде трпелива. Подобрувањето на ликвидноста не е ништо што може да се постигне за една или две години, туку е потребно време. Но, тој ,како и неговите колеги сметаат дека целиот регион е многу просперитетен.
Изминатиот перидо го карактеризираа значителни падови на сите берзи во регионот, но ово тренд не ги загрижува берзанските власти. Падот го толкуваат како турбуленција предизвикана од глобалните светски текови актуечни во последно време. Очекуваат работите да се стабилизираат и индеските да се вратат во нормала.