1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Голем ангажман на Бундесверот во Јужна Азија

4 јануари 2005

Германскиот Бундесвер и натаму силно се ангажира при пружање помош во регионите погодени од монструмските бранови цунами

https://p.dw.com/p/AcIW
Бродот „Берлин“ на пат кон Индонезија
Бродот „Берлин“ на пат кон ИндонезијаФотографија: AP

Специјален авион на Бундесверот утрово во Германија од Јужна Азија превезе 42 други жртви, некои од нив и тешко повредени. Досега со еирбусот МедЕвек од кризната област беа извлечени поголем број повредени пациенти. На 12 јануари подготвен за ангажман и пружање помош на Суматра ќе биде и бродот за згрижување на Бундесверот “Берлин”. Бродот располага со центар за спасување, со 45 кревети, два водени прифатни кампови, две операциони сали и два хилихоптери - ова го потврди и германскиот министер за одбрана Петер Штрук на денешната пресконференција:

“ Се на се со Мед Евек извлековме преку 130 пациенти. Во првите летови беа и тешко трауматизирани лица како и тешко повредени. Во денешниот лет луѓето беа претежно полесно повредени. Како што истакнав во состојба сме да транспортираме и тешко повредени жртви. Освен ова донесов одлука во регионот Суматра да го испратам и бородот Берлин, кој од 12 јануари ќе биде во состојба на готовност.” појасни германскиот министер за одбрана Петер Штрук