1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Големи очекувања на Либан од донаторската конференција

25 јануари 2007

Либанскиот премиер Синиора замина за Париз каде денеска треба да започне донаторска конференција за Либан. Тој се надева дека со големата финансиска поддршка од западот ќе може да се стабилизира ситуацијата во земјата. Според најавите помошта може да достигне и до 5 милијарди евра. За очекувањата од конференцијата известува Бјорн Блашке.

https://p.dw.com/p/Adtt
Фуад Синиора
Фуад СиниораФотографија: picture-alliance

Донаторската конференција не смее да пропадне изјави либанскиот премиер Фуад Синиора за германската телевизија АРД:

„Не смееме да си дозволиме да ја пропуштиме оваа шанса. Потребна ни е оваа коференција и поддршката на нашите братски и пријателски земји за да се надминат тешкотиите кои настанаа како последица на војната и на штрајковите и демонстрациите“.

Штетите кои ги претрпе Либан за време на едномесечната инвазија од Израел се проценети на околу 4 милијарди долари. Уништени беа само 77 моста и 15 000 куќи. Но, донаторската конференција треба да помогне и во решавање на проблемот со сивата економија и корупцијата кои веќе триесет години го уништуваат Либан, порача Синиора. Либанската влада, на донаторската конференција се надева на поддршка од арапските и западните земји, а според најавите донаторите ќе издвојат до 5 милијарди евра.

Покрај барањето за финансиска помош, премиерот Синиора во Париз треба да го претстави и планот за долгорочни реформи во земјата со кој треба да се стабилизира ситуацијата и да се развие економијата.