1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Голема рација на израелската армија во Наблус

26 февруари 2007

Големата рација на израелската армија во градот Наблус, на Западниот брег од реката Јордан, продолжува и денеска.

https://p.dw.com/p/Adt1
Палестинец собира камења да ги фрли врз израелските војници во Наблус
Палестинец собира камења да ги фрли врз израелските војници во НаблусФотографија: AP

Во неа учествуваат повеќе од 60 оклопни возила и блудожери кои извршија потполна блокада на центарот на најголемиот град на палестинските авотномни подрачја. Целта на операцијата е да се откријат и уништат јадрата на терористичката инфраструктура – соопшти портпарол на израелската армија. Спред најавите, рацијата ќе потрае неколку дена.

Неколку стотини израелски војници од вчера наутро навлегоа во Наблус и ги блокираа сите приодни патишта, како и двете болници во центарот на градот. Прогласен е и полициски час, од кој се непосредно погодени преку 50.000 Палестинци. Училиштата и универзитетот останаа затворени. Израелците зазедоа и дел од радио и ТВ станиците, ја прекинаа програмата и ги прочитаа имињата на шест лица, кои наводно и‘ припаѓаат на радикалната палестинска органиација Ал Акса бригади, блиска до движењето Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Во рацијата, според разни извори, се уапсени повеќе од 30 лица. Откриени се и две тајни работилници за изработка на експлозивни направи. При демонтирањето на една од нив повредени се двајца израелски војници. Пронајдена е и ракета од израелско производство.

Според палестински безбедносни извори ова е најголема рација на израелската војска во Наблус за последниве пет години. Претседателот на Палестинците Махмуд Абас во меѓувреме ја осуди акцијата. Таа ги поткопува напорите за продолжување на дипломатските преговори меѓу Израелците и Палестинците и со тоа на целиот мировен процес за Блискиот исток.

Финансискиот бојкот на ЕУ кон палестинската автономна власт останува и понатаму. Дипломатската турнеја на претседателот Махмуд Абас во Лондон, Берлин и Париз не донесе никакви отстапки во однос на ембаргото што стапи на сила со доаѓањето на власт на радикалната палестинска организација Хамаз пред една година. Посебно во Лондон и во Берлин Абас доби јасна порака дека за одмрзнување на финансиската помош за Палетинците мора да бидат исполнети условите на блиско источниот квартет. Тие подразбираат и признавање на правото на постоење на Израел, што Хамаз се уште го одбива. Ветување за соработка со новата палестинска влада на национално единство дојде само од официјален Париз. Шефот на дипломатијата Филип Дуст Блази вети дека ќе се заложи и кај останатите европски партнери за соработка со идната палестинска влада.

Повик до новата палестинска влада за признавање на Израел дојде и од јорданскиот Крал Абдула Втори. Тој по разговорите со египетскиот претседател Хосни Мубарак во Каиро порача:

„Го имате претседателот Абас, кој е подготвен да го придвижи мировниот процес, како и влада што ќе се формира и која ќе мора да ги прифати условите на меѓународниот квартет.„