1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Голема порачка за Ербас од Јапонија

ЖА/дв/дпа/ртре7 октомври 2013

Европскиот производител на авиони Ербас од Јапонија доби голема порачка вредна повеќе милијарди евра. Јапан Ерлајнс традиционално се снабдува од американскиот конкурент на Ербас, Боинг.

https://p.dw.com/p/19vV3
Фотографија: Airbus S.A.S./e*m company/P. Masclet

Јапан Ерлајнс(ЈАЛ) одлучи за првпат да набави авиони од европскиот производител Ербас, и тоа 31 авион од типот А350, чија вкупна каталошка цена изнесува 950 милијарди јени (9,5 милијарди долари, односно 7 милијарди евра). Досега во флотата на ЈАЛ доминираа авионите на Боинг.

Извршниот директор на јапонската филијала на Ербас Фабрис Брегиер и претседателот на управата на ЈАЛ Јошихару Уеки во Токио потпишаа договор, кој вклучува и дополнителна опција за купување на уште 25 авиони на Ербас. Авионите ќе бидат пуштени во сообраќај во 2019. година. Директорот на јапонскиот авиопревозник изјави дека одбирањето на европскиот производител, чии авиони треба да ги заменат оние на Боинг, не е поврзано со проблемите што ги имаше Боинг со акумулаторите на Дримлајнерот 787. Производството во Боинг инаку поради редица и други проблеми, заостанува веќе триипол години зад планот.