Голема кражба на уметнички дела во Ротердам
16 октомври 2012Непознати крадци од музеј во Ротердам украдоа повеќе вредни уметнички дела. Кражбата во музејот „Кунстахл“, во која во моментов се изложени познати уметници од 19. и 20. век била спроведена во текот на ноќта, изјави портпарол на полицијата за агенцијата афп. Полицијата во меѓувреме соопшти дека се украдени дела на Пикасо, Матис, Моне и Гоген. Вкупно се украдени седум дела. Нивната вредност точно не се знае, меѓутоа била „голема“. Портпаролката на полицијата Патрициа Веслес соопшти дека е во тек истрагата.
Еден фотограф од холандската агенција анп направи и снимка од местото каде се наоѓало делото на Матис, - денеска тоа не висеше во музејот.
Музејот „Кунстхал“ во Ротердам нема постојана збирка. Годишно музејот нуди околу 25 различни изложби . Во моментов по повод своето 20 годишно постоење ја претставува изложбата „Авангарда“, која сочинува дела на Пикасо, Гоген, Матис, Мондриан итн.