1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Голема израелска офанзива во Газа

18 мај 2004

Не осврнувајќи се на меѓународната критика,Израел утрово ја продолжи воената акција во јужниот дел на појасот на Газа.Во воздушните напади и во судирите на копното загинале најмалку 17 Палестинци.

https://p.dw.com/p/AcNZ
Уништени куќи во градот Газа по нападот на израелската авијација
Уништени куќи во градот Газа по нападот на израелската авијацијаФотографија: AP

Израелската армија навлезе со тенкови во бегалскиот логор Рафах на границата кон Египет,кој важи како едно од упориштата на екстремните палестински групи. Според палестински извори,ова е најголемата воена акција на Израелците од почетокот на нивното востание-Интифадата во 2000 година.

ЕУ остро ја осуди најновата израелска офанзива во Газа.

Арапските земји побараа одржување итна седница на Советот за безбедност на ОН денеска,на која би била донесена резолуција со осуда на уништувањето палестински куќи во граничниот појас кон Египет.

Организацијата за човекови права,Анмести интернешнл му префрли на Израел дека во изминативе триипол години уништил повеќе од 3 илјади куќи на Палестинците.

Израел уривањето на куќите го оправдува со тоа што наводно тие служат како покритие и скривалишта на насилните Палестинци и исто така како крајни точки на подземните тунели преку кои се шверцува оружје од Египет.Портпаролот на израелската армија Шарон Фајнголд го тврди тоа:

-Преземаме акција во Рафах заради откривање на шверцот со оружје низ тунелите кон Египет во појасот на Газа.Се наоѓаме под силен оган и возвраќаме на него,мораме да ги откриеме луѓето кои шверцуваат оружје кое е употребувано против цивили.

Пред копнената акција ноќеска настапи авијацијата,испалувајќи бројни ракети.

Во воздушните напади и во уличните борби со израелските војници биле убиени најмалку 17 Палестинци,додека 45 се ранети.

Илјадници жители на 90 илјадниот град се спакуваа и започнаа да го напуштаат во страв од уништување на нивните куќи.Некои од нив земаат се што можат да понесат со себе,незнаејќи дали потоа воопшто ќе можат да се вратат во своите домови.

Уништувањето на куќите инаку претходно го осудија и САД.Кондолиза Рајс,советничката за безбедност на американскиот претседател на вчерашната средба со палестинскиот премиер Ахмед Кореи во Берлин изјави дека му дале на знаење на Израел дека некои негови постапки не продонесуваат за добра атмосфера.

Во редовите на Палестинците постои поделеност на мислењата дали треба да се очекува помош од Американците во реализирањето на мировниот плансо Израел:

-Се недевам дека ќе започнеме билатерален ангажман со цел да го запреме крвопролевањето,да ставиме крај на страдањето,она што се случува овде во Палестина мислма дека е закана за регионалната стабилност,с со тоа и закана за американските интереси во овој дел,изјави Џибрил Раџоуб,советник за безбедност на палестинската влада.