1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Голема воена операција против Талибанците

27 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BMe0

Во заедничката операција на трупите на анти-терористичката коалиција предводена од САД и на авганистанската армија биле убиени повеќе од 70 Талибанци. Борбите се одвивале во провинциите Хелманд и Кандахар . Особено жестоки судири имало во областа Муса Кала која е под контрола на Талибанците од февруари годинава. Во меѓувреме претставник на меѓународните заштитни трупи ИСАФ соопшти дека во борбите и во еден напад во јужен Авганистан загинале двајца војници на ИСАФ а уште двајца биле повредени.